Вистински рај – вака изгледа ООУ “Климент Охридски” во месец мај!
Со доаѓањето на месец мај, започна и онаа природна магија која само ја потврдува убавината на пролетта. А на доаѓањето на пролетта, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца и учениците.
По тој повод, во дворот на ООУ “Климент Охридски” – Прилеп преовладува оној познат пролетен амбиент, кој преку беспрекорно уредените училишни дворови, зелените дрва, свежо искосената трева, и холтикултурните паркови, се чувствува пролетта и она убаво пролеттно време, каде учениците создаваат незаборавни спомени.
















