Честитки! Прилепчанецот Златко Рикалоски повторно е избран за потпретседател на ППФМ
Вчера во СЦ Јане Сандански, се одржа изборното собрание на Пинг-понгарската федерација на Македонија.
На местото на досегашниот претседател Горан Тиловски (истечени два мандати)со апсолутно мнозинство на клубовите нов претседател на ППФМ е Славко Пројкоски.

Довербата од делегатите со апсолутно мнозинство исто така ја доби и Златко Рикалоски како старонов потпретседател на ППФМ. Избрани се и органите на федерацијата- Управен и Надзорен одбор.


















