Не е време за музика! „Некст Тајм“ ги откажаа концерите во Германија

Сподели го ова:





























Мартин и Стефан Филиповски од „Некст Тајм“ поради големата трагедија во Кочани ги откажаа закажаните концерти во Германија. Имено, тие во оваа несреќа ги загубија своите драги колеги и пријатели!

„Во овие моменти на тага и болка, сакаме да им изразиме длабоко сочувство на сите оние кои ги изгубија своите најмили во трагедијата која се случи во Кочани! Сакаме да Ве известиме дека претстојните концерти во Хамбург на 21.03.2025 и во Берлин на 23.03.2025 ќе бидат одложени на неопределено време. Повеќе информации за овие настани ќе бидат објавени наскоро, по завршувањето на деновите на жалост. Бог да им даде сила на сите во вие тешки мигови!“– известија од Некс Тајм.




Сподели го ова:

Слични објави