Премиера! “Солза и смеа” доаѓаат во Тетово со нивната најнова комедија “Аџанак – Баџанак”
Тетовчани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” доаѓаат во Тетово со најновото комично шоу, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија. Во Тетово доаѓаат на 23.03.2025 година, (недела) а комичното шоу е закажано за во 19:30h во големата сала на Центарот за култура – Тетово, сала која ќе биде претесна за да ги собере сите тетовчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си набавите во најдоброто тобако во Тетово – “Grand Tobacco” кај Славе, или на телефонскиот број 078/ 27-57-57



















