Внимавајте како возите! Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози
Утрово, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врз основа на информациите од Автомотосојузот на Македонија, врнежи од снег со слаб интезитет има во Берово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
















