Секоја чест за прилепските херои! Додека прилепчани славеа, тие беа будни на своите работни места во интерес на граѓаните
Како и секоја година, така и оваа, прилепскиот градоначалник ги посети дежурните служби и институции во нашиот град.

“… Им честитавме Нова година и им посакавме успех и добро здравје. Вашата посветеност и труд се од големо значење за сите нас.

Во 2025 година, продолжуваме со уште поголема енергија и со заедништво да го развиваме нашиот Прилеп.

Чесно, одговорно и со заеднички сили, верувам дека ќе постигнеме многу нови успеси за нашиот град и за сите жители! Среќна Нова година, драги прилепчани! Да ни биде година на успеси и радости” – порача Јовчески.


















