Проданоски го “нокаутира” со факти и реални податоци пратеникот од СДСМ- Митко Трајчулески: Историски напредок на полициските службеници во разоткривање на криминалот од висок степен
Во вчерашната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма, гостуваа пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски, како и Митко Трајчулески, пратеник на СДСМ. Она што беше повеќе од очигледно е фактот што пратеникот Проданоски преку своите излагања во емисијата, со конкретни факти и податоци, го “нокаутира” пратеникот Митко Трајчулески.

„На добро изградени случаи, мислам дека овој е историски напредок на полициските службеници во разоткривање на криминалот од висок степен и мислам дека одиме во вистинска насока, нашите граѓани гласаа за ова, гласаа за да има правда во оваа држава и сметам дека се движиме во вистински правец без политички примеси во дејствувањето на одредени органи“ – истакна Проданоски.
„Ние заради нарушување на сите системи кои постоеја во минатото дојдовме до една ваква ситуација да белата чума е толку распространета. Последните иселувања се врз основа на она што значи несигурност во системот а не од економска природа“ – нагласи пратеникот Проданоски.


















