Секоја чест! Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР-Прилеп, донираа пакетчиња за дечињата од социјално загрозените семејства
Хуманост на дело! Полициските службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР-Прилеп, повторно ја покажаа својата хумана страна, преку донација на новогодишни пакетчиња, кои ги донираа во Центарот за социјални работи – Прилеп.

Донираните пакетчиња, во наредните денови ќе бидат доставени до оние дечиња на кои што му се најпотребни, односно до дечињата кои живеат во најранливите и социјално загрозени семејства.


















