УТРЕ ВО ПРИЛЕП: Настан на Обединетите нации

Сподели го ова:





























Утре, 5-ти декември 2022 година (понеделник), во 18:30 часот, во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков ќе се одржи кампањата под мото „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња”. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното известување за новогодишната театарска претстава за деца, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп)

Кампањата се спроведува секоја година во период од 25.ноември до 10.декември во организација на Обединетите нации (ООН), Европската унија (ЕУ) и на ОБСЕ, а годинава тема на кампањата е „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави”.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто, а дискусијата ќе се одвива во однос на тоа како социјалните платаформи станаа места каде се одвива онлајн насилство врз жени и девојчиња, кои се предизвиците и моменталните прилики и кои би биле предлозите и начините за подобрување на состојбата.

Освен панел дискусија, настанот предвидува и музички перфоманс на виола и виолончело на дуото Инфинитас, а водител ќе биде Сашко Коцев.




Сподели го ова:

Слични објави