НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: Дооформување на основното образование за возрасни

Сподели го ова:





























Општина Прилеп со успешна приказна за дооформување на основното образование за возрасни!

Како дел од проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан„ поддржан од УНДП, за „Дооформување на основното образование за возрасни“ во присуство на Министерката за образование Весна Јаневска и претставникот од УНДП Армен Григорјан, денеска во Општина Прилеп на 29 повратници им беа доделени сертификати за комплетирано основно образование и за напредни ИТ вештини.

За отпочнување на овој процес за комплетирање на основното образование, според стандардите беа опремени две училници во ООУ Добре Јованоски“со сите нагледни средства, две смарт табли и компјутери за работа на возрасните ученици.

“Проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“, во соработка со ООУ „Добре Јованоски“ и УНДП, нам, како локална заедница ни е приоритет за ефикасна реинтеграција на повратниците од земјите на ЕУ и нивна можност во обезбедување на основна материјална, социјална и економска сигурност. Ова особено се покажува како важно за овие социјално ранливи групи кои се дел од нашата заедница, каде образованието и неговото дооформување е долгогодишен проблем.“- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески .

Министерката за образование, Весна Јаневска ја пофали иницијативата на локалната заедница за изнаоѓање на механизам за интеграција на лицата повратници и им честита на оние кои денеска добија сертификат за стекнато знаење.

„На луѓе кои биле во странство и продолжуваат тука прават исправни чекори за да успеат и вложуваат во своето образование во своите вештини и компетенции.

Со тоа сигурно е дека стануваат видливи, вредни и корисни. Важно е што овие луѓе ја препознале вредноста и важноста од знаењето и полесно ќе се интегрираат во средината во која што се враќаат. Се надевам дека ќе изградите успешни животни приказни и тие ќе бидат поттик за враќање и на други македонски иселеници,затоа што за државата секој еден граѓанин е важен и само преку личен успех може да помогне во нејзиниот развој.“ – потенцира таа.

Како дел од овој проект во Прилеп претходно беа одржани неколку форумски сесии, со претставници од сите институции каде како приоритет беа избрани: „Реконструкција на отворено спортско игралиште“ и „Дооформување на основното образование за возрасни“ во ООУ„Добре Јованоски“.

Придобивките од проектот што ги има Општина Прилеп се: ефикасна социјална и економска заштита на ранливите категории граѓани, подобрување на социјалната и економска интеграција на повратниците, развивање на спортско – рекреативниот дух кај учениците и нивно сплотување во заедницата.

Во рамките на посетата на општина Прилеп, делегацијата денес го посети и ООУ “Добре Јованоски“, каде што беа реализирани овие проекти.




Сподели го ова:

Слични објави