ЈОВЧЕСКИ: Максимално сме вложени како Локална самоуправа и работиме веќе на нови проекти
На наше огромно задоволство во текот на вчерашниот ден јас лично во името на Општина Прилеп ги поднесов планираните проекти до Министерството за локална самоуправа, кои што се од особено значење за развојот на нашиот град и кои очекуваме да бидат поддржани од Владата на Република Македонија. Овие проекти беа дел од нашата визија за подобра инфраструктура и развој на општина Прилеп!

Четирите проектите кои ги поднесовме вклучуваат:
1. Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“).
2. Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“.
3. Реконструкција на постоечки водоводни линии во градска четврт Карабдалица. (во централното градско подрачје)
4. Реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во централното градско подрачје на Прилеп (кај хотел „Скопје“).
Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, затоа што за првпат општините во Македонија ја добиваат потребната помош од Владата и имаат вистински партнер. Со оваа соработка сигурен сум дека ќе постигнеме дополнителен развој на нашата општина што е и нашата цел и ќе создадеме подобри услови за живот за сите наши сограѓани. Ваква помош од Владата е клучна за развој на сите општини во Македонија и се надеваме дека сите наши проекти кои што ги аплициравме ќе бидат реализирани затоа што Прилеп и прилепчани тоа го заслужуваат. https://fb.watch/uyEO_Zl7ka/
Сакам да напоменам дека максимално сме вложени како Локална самоуправа и работиме веќе на нови проекти и се она што би се реализирало во наредната година, дел од нашиот општински буџет а дел очекуваме повторно преку иста ваква помош и јавен повик до Владата и министерството за локална самоуправа.
Како поголеми проекти можам да ги издвојам:
-Уште два нови кружни текови во градот, еден кај Димо Наредникот и еден во центарот тука кај Градска
-Обиколница кај Оревоец
-Мостовско решение на новоизградената улица Победа
-Целосна реконструкција на спортската сала Партизан
-Влезот на градот од кај Македонски Брод
-Нова градинка во населбата Рид
– Полуподземни контејнери на неколку локации низ градот
– Игралиште во населбата кај Типските и во центарот на градот зад Участакот
-Реконструкција на улица 11 Октомври со дополнителна урбана опрема и нова велосипедска патека
– Поставување на лежечки полицајци низ целиот град секаде каде што спред сообрајќаен режим тоа е предвидено
– Нов водовод во населено место Лениште
– Нов водовод во индустриска зона Селце
– Нов водовод до манастирот Свети Димитрија Селце
– Надоградба на Скада системот
– Поставување на фотоволтаици на Пречистителната станица
– Реконструкција на постоечка водоводна мрежа улица Кузман Јосифоски. Продолжуваме да работиме посветено, онака како што ветивме за Прилеп и прилепчани, создаваме нова и подобра иднина!

















