Во Прилеп 70 нови дечиња се запишаа во Музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“

Сподели го ова:





























Во новата учебна година Општина Прилеп продолжува со континуитетот на инвестирање во образованието во сите училишта. Денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ги посети најмладите 70 уметници во Музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ и им посака многу успех во нивната дружба со музиката.

За успесите на нашиот музички расадник на таленти, се разбира дека се заслужни раководниот тим на училиштето и професорите, кои што секогаш ја имале мојата поддршка и поддршката на Локалната самоуправа, затоа што само така заедно, можиме да продолжиме да ги подобруваме условите за изведување на теоретска и практична настава во училиштето и да им овозможиме на талентираните ученици да уживаат низ учење во музиката.

Во изминатиов перидо во ова училиште беше завршен проектот за промена на кровен покривач, во износ од 500.000 денари, целосно беа реконструирани тоалетите во училиштето, променета беше електричната инсталација, во износ од 320.000 денари и набавени беа нови инструменти во износ од 720.000 денари.

Продолжуваме да вложуваме во секој сегмент на образовниот систем во нашите училишта во општина Прилеп” – порача Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави