Македонија никогаш нема да го заборави! 122 години од раѓањето на Методија Андонов-Ченто
По повод денот кога навршуваат 122 години од раѓањето на првиот претседател на Македонија и на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, денеска Општина Прилеп положи цвеќе пред неговиот споменик.


Методија Андонов Ченто, ќе го помнеме како еден од најголемите Македонци, осудуван и прогонуван за вечниот идеал на македонскиот народ и неговиот стремеж за самостојна и независна држава.
Слава му!


















