Дел од пилотите оправдано преморени, а пожарите сеуште активни! Се зголемува бројот на војници кои ќе помагаат во гаснењето
Стојанче Ангелов денеска информира дека дел од екипажот на авионите, кои учествуваат во гаснење на пожарите, се чувствуваат преморено и дека поради строгите правила не полетале утрово.

Исто така, денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова потпишала указ со кој се доделуваат 300 припадници на АРМ како помош со справувањето со пожарите. Се зголемува и бројот за дополнителни 30 припадници на МВР, кои исто така ќе помагаат во гаснењето.


















