Пријатна средба помеѓу поранешниот претседател Ѓорге Иванов и проф. Гордана Силјановска Давкова
Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои – истакна Гордана Силјановска Давкова.


















