Јовчески, Проданоски и прилепските кандидати за пратеници на Ифтарска вечера со нивните сограѓани

Во време кога припадниците од исламска вероисповед го слават месецот Рамазан, Јовчески, Проданоски и прилепските кандидати за пратеници со присуството на Ифтарска вечера со нивните сограѓани, испратија моќна порака дека празниците, нашата вековна традиција и обичаите се тоа што мора да не обединува, за и понатаму да градиме заедничка иднина.
“Пред утрешниот празник Рамазан бајрам, со оваа заедничка вечера дефинитивно испраќаме порака дека празниците, нашата вековна традиција и обичаите се тоа што мора да не обединува, за и понатаму да градиме заедничка иднина. Заедно да чекориме кон успех и просперитет и за Република Македонија и за општина Прилеп! На сите припадници на исламската вероисповед им посакувам празникот да го дочекаат во мир, хармонија и добро здравје, заедно со своите најблиски” -порача Јовчески.


















