ПРИЛЕПСКА ГОРДОСТ! Ветераните од ОК ” 11 Октомври” со голема победа се вратија од Гевгелија

Денеска, 06.04.2024 започна одбојкарската лига за ветерани во машка конкуренција. Самата лига брои 8 екипи, а меѓу другите тука е и прилепската екипа ОК ” 11 Октомври” – ветерани. Првото коло се одигра во Гевгелија, а нашиот тим ја победи фаворизираната екипа на Струмица 1 со резултат 2:1 во сетови.
Тимот на “11 Октомври” е во состав : Жарко Илиески, Димитар Стрезоски, Зоран Пилоски, Славчо Кузманоски, Мартин Наумоски, Теодор Ангелески, Гоце Бурнески, Васко Гајтаноски,Петар Толески, Кирил Котески, Никола Димоски, Александар Савиноски, Далибор Раевиќ и Павле Стефаноски.
Како велат, тимот што победува не се менува!
















