Не се живее од стари спомени – Проданоски ветува НОВИ, ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ!
Како што информиравме вечерва, во претходните наши објави, усвоени се пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за луѓе со кредибилитет и искуство кои ќе ја вратат надежта во Македонија. Носител на листата за изборна единица 4 е Aлександар Николоски. Во оваа листа, кандидати за пратеници од Прилеп се Дејан Проданоски, Петар Ристески, Билјана Кузманоска и Никола Златески.
“Ми претставува чест и задоволство да ве информирам дека ќе бидам на четвртото место од победничката листа на пратеници во четвртата изборна единица, на следните парламентарни избори. Прилеп има дури четворица кандидати заедно со мене и тоа Петар Ристески, Билјана Кузманоска и Никола Златески, кои предводени од потпретседателот и носител во четврта изборна единица, Александар Николоски, имаме огромна инспирација и желба да ја направиме Република Македонија, подобро место за живеење.

Почитувани Ви благодарам за досегашната поддршка и Ви ветувам дека тимот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одговорно, чесно и посветено ќе работи во интерес на сите граѓани! Да си ја вратиме Македонија на вистинскиот пат!” – порача Проданоски.


















