Од овој петок во црковните храмови започнува служењето на Акатистите кон Пресвета Богородица


Почитувани верници,
Ве известуваме дека почнувајќи од овој петок (22.03.2024) секој нареден петок, заклучно со петокот од петтата седмица (19.04.2024) во нашиот храм ќе се служи Акатист кон пресвета Богородица, на кој ќе се пеат петолебија за здравје и спасение на оние кои ги принесуваат како и за нивните ближни.
Акатистот ќе започнува во 16:00 часот се до промената на сметање (летно, по 31 март) на времето кога почетокот на Акатистот ќе се помести во 17:00 часот – известуваат од црквата св. Петка во населба Точила.


















