Ако за модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, дали за скандалот Онкологија ќе биде виновна епруветата? – прашуваат од ВМРО – ДПМНЕ
Владата предводена од СДС и ДУИ очигледно за скандалот Онкологија ни подготвува сценарио по она веќе виденото со модуларната болница во Тетово – истакнуваат од ВМРО – ДПМНЕ во нивното соопштение, во кое меѓу другото се вели:
“За тоа што изгоре модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот. Сега за скандалот Онкологија очигледно епруветата ќе биде виновна.
Втора недела откако МВР влезе во Онкологија и започна истрага за нешто за што две години се зборуваше речиси постојано.
Власта на СДС и ДУИ не само што ја урниса довербата на граѓаните во здравството, тоа го стори речиси во секоја област. Скандалот Онкологија е само дополнителна потврда дека не може да им се верува ниту на истражните, ниту правосудните органи” .

На Клиниката за онкологија наместо да се лечат пациенти, се правел бизнис. Наместо лекарствата да се дадат на лицата болни од рак, истите се препродавани на црниот пазар во Македонија и земјите од регионот.
Очигледно е дека стотици животи биле загрозени, а веројатно можеле да бидат и излечени.
Власта на СДС и ДУИ, надлежните институции наместо да се фатат за работа продолжуваат со своите тендери и скандалозни бизниси. Сето тоа отвора сомнеж за вклученост во скандалот Онкологија на највисоките ешалони од власта.
Лицата од власта на СДС и ДУИ се покажаа како махери за криминални зделки, а во случајов Онкологија и очигледно прекривање докази, заташкување на скандалот.
Мора да се стави крај на криминалното и скандалозно владеење на СДС и ДУИ! По изборите сите кои сториле криминални активности ќе се најдат пред лицето на правдата! – истакнуваат од ВМРО – ДПМНЕ во нивното соопштение.


















