ОД ДЕНЕС ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРЕД НОВ ЦЕНОВЕН ШОК?? Веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи
Почнувајќи од денес – 01.07.2023 година веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи. Имено, со оваа одлука беа опфатени белиот леб, сончогледово масло, шеќерот, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, павлаката, јогуртот и киселото млеко.
Сето ова подразбира дека од денес, цените на сите овие претходно наведени основни производи ќе се утврдуваат според пазарните услови.


















