ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ МАЛКУ: Од понеделник доаѓа вистинско лето

После интензивните врнежи од дожд и облачното време, следната недела конечно кај нас доаѓа вистинско лето кое ќе биде проследено со топлотен бран. Следната недела, целата наша земја ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од Африка.
Во однос на температурите, наредната недела тие ќе бележат тенденција на пораст и истите се очекува да достигнат до 35 степени, а во Прилеп и прилепско ќе достигнат до 31-виот степен.


















