Општина Могила и регионот, пулсираат во ритамот на “Еден на Еден Могила куп”
Во Општина Могила се одржува вториот по ред “Еден На Еден – Могила Куп”- 2023, под покровителство на Општина Могила. Од она што можевме да го забележиме на терен e фактот дека исто како и минатата година – така и оваа 2023 година градоначалникот на општина Могила Драгачнчо Саботковски, се покажа како одличен домаќин на сите екипи, а воедно и како иноватор на нови настани и случувања кои имаат за цел афирмација и заживување на општина Могила. Особено не радува што овој меѓународниот фудбалски куп веќе прераснува во традиција, а воедно прераснува и како еден од позначајните брендови на општина Могила.
Колку за потсетување, минатата 2022 година за првпат во општина Могила се организираше меѓународниот фудбалски куп “Еден на Еден-Могила куп”, каде вкупно 72 екипи продефилираа на овој турнир, а дури 1200 деца се натпреваруваа на фудбалските терени во неколку возрасни категории. Минатата година купот траеше три дена каде се одиграа 156 натпревари.



















