Комфи Ангел го посетија холандските студенти од факултетот за мода TMO Fashion Business School
Неодамна студетните од факултетот за мода TMO Fashion Business School од Холандија, при посетета на неколку фабрики, го посетија и Комфи Ангел.
“Среќни што ги запознаваме овие млади ентузијасти – ја презентиравме нашата компанија и направивме тура низ производството со образложување на начинот на изработка на сите производи. Дружењето го завршивме со големи насмевки и мали изненадувања. Им посакуваме многу среќа и огромни успеси” – меѓу другото, истакнаа од Комфи Ангел на социјалните мрежи.


















