ЈОВЧЕСКИ: Твоја идеја за промените, биди дел од промените што носат иднина!

Сподели го ова:





























Овој викенд на 03.12.2022 (сабота) и 04.12.2022 (недела) во периодот од 11:00 до 14:00 часот во салата на Советот на Општина Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески ги поканува своите сограѓани да предложат свои идеи и предлози кои ќе бидат вклучени при формирањето на општинскиот буџет за Општина Прилеп – за наредната 2023 година. Исто така, како што се наведува во известувањето, граѓаните во овие денови ќе можат да предложат и други предлози за решавање на конкретни проблеми и барања.

“Како Локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш сме тука да го слушнеме мислењето на народот и да им служиме на граѓаните!

3.12.2022 – гостин – Зоран Јованчев-пратеник

4.12.2022 – гостин – Петар Ристески – пратеник

Јас заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, дел од општинската администрација, раководителите, директорите и советниците ќе бидеме тука и ве очекуваме!” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави