ВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ДОМАШНАТА ТРПЕЗА: Млечните производи ќе поевтинат дури после Нова Година

Сподели го ова:





























.

Врз основа на информациите од Стопанската комора на Македонија, сите млечни производи кои што ќе се произведуваат од наредниот месец со евтина струја, ќе се продаваат дури по Нова година (заради процесот на ферментација), а сето тоа значи дека граѓаните производите за новогодишната трпеза ќе ги купуваат по стари високи цени??

Како причина за тоа што млечните производи ќе поевтинат дури после нова година – а не од декември, е тоа што млечната индустрија е специфична како резултат на неколкумесечните процеси на производство и постапката на ферментирање – која трае два до три месеци. Дали ова подразбира дека сето она што ќе се произведе во декември во млечната индустрија со поефтина струја, ќе се продава по пониски цени дури од јануари?

Како и да е, очигледно е дека граѓаните при подготвување на новогодишната трпеза, млечните производи ќе ги купуваат по стари-високи цени.




Сподели го ова:

Слични објави