ОД ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП: Бесплатен градски превоз за прилепчани секоја недела

Започнувајќи од денеска (27.11.2022 недела), прилепчани ќе користат бесплатен јавен градски превоз секој седми ден во неделата, и истиот ќе биде бесплатен секоја НЕДЕЛА.
Со одлука на советот на Општина Прилеп беше одобрен бесплатен јавен градски превоз на сите граѓани во ден НЕДЕЛА со постојната вонредна (неделна) линија по постојниот возен ред.



















