|

Најмладите од прилепските градинки преку песните од Веселите ѕвончиња, одбележаа 78 години слободен Прилеп

Сподели го ова:





























Најмладите од прилепските градинки, денеска преку песна и игра одбележаа 78 години слободен Прилеп. Во чест на 3-ти ноември и во рамките на проектот ,,Традицијата и културата на мојот роден град”, децата од ДГ Наша Иднина рецитираа, играа и пееа пред врсниците од градинките ,,7ми септември” од Македонски Брод и ,,Гонџа Туфа” од Крушево.

Кога станува збор за забавата, се разбира тука секогаш се песните од најпопуларниот прилепски детски – музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот каде настапуваат деца од Прилеп, како и учесници од цела Македонија, на возраст од 4 до 14 години. Со песни од овој најатрактивен фестивал, денеска најмладите играа и пееа во еден глас. На оваа детска, денешна журка во прилепските градинки, се изведе и популарната песна од Веселите Ѕвончиња “Журка”, која иако беше изведена пред четири години на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, сепак оваа песна постојано се пушта (како и сите останати песни од фестивалот), по градинките и училиштата низ нашата Македонија.

Искрено, добро е тоа што во градинките во Прилеп – благодарение на директорката Христина Трпческа, се врати оној препознатлив детски сјај кој што му беше потребен на децата. Колку за потсетување, Трпческа преку својата креативна работа, повторно го враќа оној весел сјај на прилепските градинки, односно го враќа оној сјај кој го имаа градинките во времето додека таа беше директор до пред 4 години. Меѓутоа, градинките бараат силна енергија за менаџирање и применување на иновативни образовни процеси на работа, па како резултат на тоа, Трпческа повторно веќе неполна година е поставена на местото Директор на градинките во Прилеп.

Голем е бројот на родители кои имаат само пофални зборови за оваа жена, образовен работник, менаџер, и иноватор на нови иновативно-образовни процеси за најмладите. Трпческа со години наназад е докажана личност во однос на успешно менаџирање и управување со прилепските градинки, а воедно преку своите секојдневни иновативни активности создава нови, убави весели спомени за најмладите.




Сподели го ова:

Слични објави