ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ОДНОС НА ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ВО ПРИЛЕП


Денеска е последниот ден каде што прилепските граѓани по стара цена ќе можат да ги наполнат електронските картички, кои ги користат при плаќањето на јавниот превоз во Прилеп. Имено, од понеделник јавниот градски превоз во Прилеп ќе сообрајќа по зголемена цена, врз основа на тоа што цената на Метанот ја достигна рекордната вредност, а токму метанот е горивото кое исклучиво го користат aвтобусите на Јавниот градски превоз, (оние многу споменувани и скапо набавени).

ЈП за ПУП како и сите други јавни претпријатија од градот и Републикава, беа приморани да бараат излезни решенија, кои вклучуваат и корегирање на постојните цени, па како резултат на сето тоа ЈП за ПУП беше приморан на одреден начин да ги вклучи во цената новите пазарни вредности на енергенсите, а во конкретниот случај цената на метанот и дизелот нафтата. Меѓутоа, како што истакнуваат од ЈП за ПУП, ваквото прилагодување на конкретната ситуација, ќе значи и прифатливо решение за граѓаните, каде нивниот интерес ќе биде ставен во прв план.



















