ВИДЕО: Учениците од ООУ “Гоце Делчев”- Прилеп на креативен начин го одбележаа ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ



Денес основците од ООУ “Гоце Делчев”- Прилеп под менторство на наставниците по македонски јазик и странски јазици го одбележаа ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ – 26 Септември преку снимање на видео пораки за промовирање на јазичната разноликост.

Во одбележување на настанот беа вклучени ученици од предметна настава од 6-то до 9-то одд. кои кажуваа поздрави, мисли за љубовта кон изучувањето на македонскиот јазик како и интересот и мотивацијата за изучување на другите странски јазици како англискиот, францускиот и германскиот јазик истакнувајќи ја важноста за познавањето на јазиците и другите култури за воспоставување нови мостови на меѓусебна соработка и почитување. Овој настан Ви го прикажуваме преку следново видео во прилог на оваа објава:


















