ВИДЕО-Сајкоски: Во Општина Демир Хисар за само 9 месеци има видливи промени

Сподели го ова:





























Во текот на вчерашниот ден, Генералниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, беше во посета на општина Демир Хисар, се со цел на лице место да ја констатира реалната ситуација на терен и сето она што се прави и гради во оваа општина, од страна на градоначалникот Никола Најдовски и неговиот тим. Веднаш потоа, Сајкоски се огласи на социјалните мрежи при што истакна:

“При посетата на Демир Хисар забележливи беа градежните активности кои се во тек, изградба и реконструкција на улици и тротоари, како и развој на руралните средини. Покрај увидот во градежните активности остварив средба и со членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, на која разговаравме за актуелната ситуација, реализираните и за аплицираните капитални проекти”-истакна Сајкоски, не криејќи го неговото големо задоволство од сето она што градоначалникот Најдовски го има направено за оваа општина за само 9 месеци.

Сајкоски, преку неговото видео обраќање од општина Демир Хисар нагласи дека “Во Општина Демир Хисар за само 9 месеци има видливи промени”. Имено, целосниот говор на Генералниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, Ви го прикажуваме целосно во прилог на оваа објава:




Сподели го ова:

Слични објави