Крени Глас – Стоп за булинг! Сашко Коцев на едукативна средба наменета за родителите од Кочани, Виница и Берово

Сподели го ова:


























Вчера вечер, во младинската канцеларија „МКЦ” – Кочани се одржа четвртата по ред едукативна средба наменета за родителите од Кочани, Виница и Берово.

На оваа работилница заедно со нашите гости и родителите дискутиравме за препознавање на знаците и методи за спречување на врсничкото насилство, влијанието на набљудувачите како и за методите преку кои може да се работи на градење на самодоверба кај дечињата.

Голема благодарсност до Сашко Коцев, психологот Деспина Стојановска, Марија Величкова (психолог во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани) и Наташа Аврамска (директор во основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово) како и до родителите кои од личен агол посведочија како сметаат дека може да се помогне во решавањето на овој голем проблем што ги засега децата.

Само заеднички и преку отворена комуникација, можеме да поттикнеме промена кога е во прашање врсничкото насилство.

Работилницата во Општина Кочани е дел од општествено одговорната кампања на Makpetrol.




Сподели го ова:

Слични објави