ГАЛЕРИЈА: Ниту дождот не може да го скрие сето она на кое моментално се работи во Прилеп


Дождот иако непоканет, но сепак најавен од страна на метеролозите, почна со засилено темпо да паѓа низ општина Прилеп, како во самиот град, така и во населениете места близу Прилеп и прилепско. Меѓутоа, како велат старите прилепчани: “На она што се прави и гради во интерес на прилепчани, не можат да му наштетат ниту дождови-ниту громови”. Станува збор за стара, прилепска поговорка, која пред се, има едно големо фигуративно значење, при што истата означува дека без разлика какво време доаѓа (дожд, сонце, снег и сл), сето тоа ќе дојде и ќе си замине, а направените дела се тие кои што остануваат да им служат на граѓаните.
Нашиот информативен тим, ја искористи оваа стара прилепска-фигуративна порака, и со истата направи комплетна споредба на градежната офанзива која деновиве “го окупира” Прилеп. Градежни активности се во тек на улицата „Киро Пајмакоски“, а паралелно се работи и на асфалтирање на улицата „Браќа Ламески“ како и крак на улицата „Јоска Јорданоски“. Вкупната должина на овие улици кои ќе бидат асфалтирани изнесува 400 метри, а нивната површина е околу 2000 метри квадратни. Исто така деновиве ќе се започни со асфалтирање и во населбата Тризла. Се работи за улицата „Дабнички Завој“ со вкупна должина од 300 метри. Од утре ќе се работи и на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“ каде ќе се започне со реконструкција. Кракот што ќе се реконструира е во должина од 216 метри, има просечна ширина од 13,5 метри или вкупна површина некаде околу 3000 метри квадратни. За овие градежни активности Општина Прилеп има обезбедено средства во висина од 7.000.000 денари.
Локалната самоуправа e веќе во завршна фаза на потпишување на договор за одржување и рехабилитација на улиците за во наредниве неколку месеци, што подразбира гребење и нанесување нов слој на асфалт, а тој договор опфаќа вкупна површина на улици од околу 12.000 метри квадратни со вредност од 15.000.000 денари.


















