Агнеса прашува-Каков мирис има љубовта?
На профилот на Агнеса Органџиева, самата таа објави две слики каде што позира во еден долг црвен фустан-исто како и во некоја бајка, а веднаш под сликите Агнеса пишува:
Името на девојката која ми го украде срцето започнува со буквата… A… испишана со рози…Направете го нејзиниот ден посебен… денес или на Денот на љубовта и виното… со повод или без… подарете и грандиозен букет, цветен аранжман во форма на срце или со првата буква од нејзиното име… Каков мирис има љубовта?- На рози!@cvekaraaneblueflowers +38976490501Hair & make up @zokidavitkov @luxury_hair_extensions_pro
Dress @lume.designstudio
Станува збор за реклама на цвеќара која што убавата Агнеса ја рекламира на социјалните мрежи. Имено Агнеса успешно сама продолжи по својот пат, и покрај сите караници и ФБ препукувања помеѓу неа и нејзиниот сопруг кој беше поранешниот директор на АЕК – Роберт Ордановски. Имено на овие препукувања пред извесен период им дојде конечно крајот, а доказ за тоа беше ФБ објавата на Роберт Ордановски во која јавно и се заблагодари на неговата поранешна сопруга Агнеса за сите заеднички години поминати во брак, како и за принцезите кои Агнеза му ги роди. И покрај сите караници, на крајот на својата објава поранешниот директор на АЕК и посака на Агнеса се најдобро во животот.
