Златни деца! ЈОУДГ “Наша иднина” – Прилеп на “Trash for Art”- 2026 го освоија високото трето место во категоријата “градинки”
ЈОУДГ “Наша иднина” – Прилеп учествуваше на Trash for Art 2026 – креативност што од отпад создава вистинска уметност, каде слатките дечиња со нивниот ментор Наташа Ѓорѓиева го освоија третото место во категоријата “градинки”, а со тоа им припадна и специјална награда од Алкалоид.
Нашите креативни учесници уште еднаш од амбалажен отпад создадоа неверојатни скулптури и дела што инспирираат, едуцираат и потсетуваат на важноста од рециклирање и одговорност кон животната средина.
Секое дело носи порака за одржливост, одговорност и нов начин на гледање на „отпадот“.


















