ДЕНЕСКА, АПСЕЊЕ ВО ПРИЛЕП: На крстосницата од ул.„Борка Влачарот“ со ул.„Димо Наредникот“ уапсен е 31 годишен прилепчанец
На 06.09.2023 на крстосницата од ул.„Борка Влачарот“ со ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – ИНФОРМИРААТ ОД МВР.