|

Вистинска БУРА од квалитетна театарска уметност! Вчера вечерта на МТФ “Војдан Чернодрински”, прилепскиот народен театар ја воодушеви присутната публика со претставата “Бура”

Сподели го ова:































Вчера вечерта прилепскиот театар на МТФ “Војдан Чернодрински”, ја изведе театарската претстава БУРА. Претставата “Бура”, е дело кое се смета за последната драма на Шекспир.

Прилепскиот народен театар со оваа претставатa ја воодушеви присутната публика, која ги награди актерите со громогласен апалуз.

БУРА
Вилијам Шекспир
Режија и адаптација: Џон Блондел
Сценографија, костими, светло и плакат: Благој Мицевски
Музика: Томе Темелкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Играат:
ПРОСПЕРО, вистинскиот војвода од Милано……………………………………………………ИГОР ТРПЧЕСКИ
МИРАНДА, ќерка му………………………………………………………………………………….АНГЕЛА НАУМОСКА
АРИЕЛ, дух, ветроштина………………………………………………………………………….ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
КАЛИБАН, роб на Просперо………………………………………………………………………..НАТАША АЧАНСКИ
АЛОНЗО, кралот на Неапол; ТРИНКУЛО, шут…………………………………………ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ
АНТОНИО, брат на Просперо; СТЕФАНО, служител………………………………..АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ
ФЕРДИНАНД, син на Aлонзо; ГОНЗАЛО, советник………………………………..МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ
СЕБАСТИЈАН, брат на Алонзо…………………………………………..КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА
ЈУНОНА, дух во служба на Просперо………………………………………………………………….АНА МИТОСКА

Техничка екипа:
Инспициент – Елена Иваноска
Суфлер – Лилјана Батлеска
Светло мајстор – Ристе Гркоски
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски
В.д. директор – Јасмина Мицовска Станкоска

Текст

Бура (1611) обично се смета за последната драма на Шекспир. Имал удел и во следни соработки, но ова е неговото последно напишано дело. Во него, волшебникот Просперо – поранешен војвода од Милано, живее на пуст остров со својата млада ќерка Миранда, со робот Калибан и со духот-помошник Ариел. Кога неговиот брат, предавникот Антонио плови во близина на островот, Просперо предизвикува бура во која Антонио преживува бродолом заедно со Алонзо – кралот на Неапол, синот на Алонзо – Фердинанд, братот Себастијан, советникот Гонзало, шутот Тринкуло и служителот Стефано. Фердинанд, за кого мислат дека е мртов, ја запознава Миранда и се вљубува во неа. Антонио и Себастијан планираат да го убијат Алонзо, додека Тринкуло и Стефано се сретнуваат со Калибан, кој ја заговара смртта на Просперо. Ариел ги спречува сите заговори; Просперо го открива својот идентитет и им простува на својот брат и на Алонзо за нивното предавство. Просперо го пушта Ариел на слобода, а останатите – оставајќи го Калибан на островот – пловат кон Неапол.




Сподели го ова:

Слични објави