Во Прилеп веќе започна да владее карневалската магија, која ќе кулминира во недела со централното дефиле за Прочка 2023
Со традиционалната изложба на маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денес започна карневалската магија која ќе кулминира в недела со централното дефиле за Прочка 2023.
Видовме над 500 маски изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта заедно со нивните ментори и наставници.
“Упатив честитки до сите учесници а особено до наградените и истакнав дека преку овој специфичен и креативен начин со изработка на маски се поттикнуваат младите да ја негуваат и чуваат нашата вековна македонска традиција” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.