Во недела, весела дружба на Могила со “Веселите Ѕвончиња” – „Пролетта нѐ мами, на Могила нѐ кани“!
Најновите детски хитови од 6-то фестивалско издание на највеселиот и најатрактивниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, публиката ќе има можност повторно да ги слушне во недела на Паркот на револуцијата. Имено, Веселите Ѕвончиња ќе бидат дел од големиот настан „Пролетта нѐ мами, на Могила нѐ кани“, на кој ќе настапат голем број на учесници.

“Почитувани сограѓани, ни претставува чест да ве поканиме на целодневна дружба „Пролетта нѐ мами, на Могила нѐ кани“! Овој прекрасен настан ќе се одржи во недела, 28.04.2024, од 11:00 до 16:00 часот, во Паркот на Могилата на Непобедените. Ќе има многу забава, дружба, музика и различни содржини за сите, од најмладо до најстаро!” – се вели во поканата од Општина Прилеп.


















