Во болница почина 31 – годишна родилка – случајот го пријавил директорот на болницата
На 27.09.2024 во 21.35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31 – годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција – информира МВР.