Во Битола, Филип Поповски ќе биде носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ
Она што се зборуваше низ битолската чаршија, испадна дека е вистина. Имено, Филип Поповски младиот докажан професор на Техничкиот факултет во Битола, ќе биде носител на листата за советници на локални избори во Битола, предложена од ВМРО-ДПМНЕ.
Голем дел од битолчани велат дека изборот на Поповски и Коњановски е вистински погодок, бидејќи станува збор за луѓе кои благодарение на својата чесност и работа, уживаат голем углед меѓу битолчани.


















