Во базен, мало дете е пронајдено во безсознание! Веднаш однесено во прилепската болница, а потоа препратено во Скопје
На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едно и пол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание.

На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.
















