ВМРО ДПМНЕ: “СДСМ гласаше против пензионерите да добијат покачување од 20%, Ковачевски е лицемерен”
СДСМ гласаше против пензионерите да добијат покачување од 20%, Ковачевски е лицемерен -се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог на оваа објава Ви го пренесуваме нивното соопштение: “ВМРО-ДПМНЕ преку собранието предложи покачување на пензиите за 20%, со што ќе се постигнеше ефект пензионерите да не ја почувствуваат инфлацијата и да не биде оштетен нивниот стандард. СДСМ гласаше против, и со тоа потврди дека Ковачевски е лицемерен со пензионерите, и не сака реално покачување на пензиите. Ковачевски не сака нити покачување на платите во јавниот сектор, и е против усогласување на платите на наставниците согласно колективниот договор. Ковачевски е лицемерен со граѓаните. СДСМ само зема од народот. Со нив кризата е се поголема, а немаштијата се по присутна”-истакнуваат ВМРО-ДПМНЕ.