ВИСТИНСКИ РАЈ! Голем дел од прилепчани навечер уживаат во црковниот двор од црквата св.Петка во населба Точила
Да, токму така! Голем дел од прилепчани навечер уживаат во црковниот двор од црквата св.Петка во населба Точила.

“Вечерва сите 12 клупи во црковниот двор беа зафатени, а на платото пред храмот се играа мноштво дечиња, надгледувани од своите родители, баби и дедовци. Радосниот детски џагор ја исполнуваше атмосферата. Прекрасно е да се види црковниот двор полн со луѓе, со деца, како сите се прибрале и ја чувствуваат црквата како блиска, како своја. Оваа глетка предизвикува чувство на радост и спокој, потсетувајќи нè на важноста на заедницата и верата.

Ќе мора да направиме повеќе клупи!” – истакнуваат од храмот.

















