ВИДЕО – ПЕТАР РИСТЕСКИ: Случајот со Онкологија е организирано масовно убиство и мора да има одговорност

Сподели го ова:
















Случајот УК за Онкологија не е скандал, не е афера тоа е организирано масовно убиство и мора да има одговорност – истакна пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески, од говорницата на Комсијата за политички систем и односи меѓу заедниците, каде меѓу другото порача:

“Мора да понесат морална,политичка,кривична одговорност,сторителите,директорите,министрите за здравство,премиерот па и цела влада.

Немањето одговорност е една од главните причини што за многу кратко време ни се случуваат катастрофи како Ласкарци,Беса травел,модуларна болница Тетово каде што со живот платија 74 лица,а со случајот на УК за Онкологија не ни знаеме колку лица се жртви на криминалот,корупцијата,монструозната желба за пари!

Одговорност мора да има и ќе има,за човечки животи се работи!” – порача пратеникот Петар Ристески од говорницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.



Сподели го ова:

Слични објави