ВИДЕО: Јавна трибина за издавање општинска обврзница

Сподели го ова:


























Денес во просториите на Општина Прилеп беше организирана јавна трибина на која пред големиот број присутни граѓани, советници и стопанственици во салата во Општина Прилеп, беа презентирани неколку проекти од капитално значење кои би се реализирале во општина Прилеп.

Имено, ова не е прва јавна презентација, бидејќи Општина Прилеп претходно имаше презентација на дел од овие проекти пред претставниците на урбаните заедници, и сите граѓани кои што сакаа да присуствуваат уште пред неколку месеци.

Денес на мое задоволство имавме навистина конструктивна дебата со присутните и дискутиравме со детални информации како за самите проекти така и за финансиската конструкција и за начинот на финансирање, кој што претставува финансирање преку општински обврзници. Начинот можеби е нешто што за прв пат би се реализирало во нашата општина но не сме ниту прва ниту единствена општина во Република Македонија која што размислува на ваков начин да работи, единствено со намера за забрзан локален економски развој на нашата општина и реализација на значајни проекти.

Сакам да посочам дека оваа јавна трибина и презентација беше со цел да им прикажиме на нашите сограѓани и стопанственици дека од суштинско значење за нашиот град се овие проекти со кои што планираме да го подобриме и олесниме животот во Општина Прилеп и да придонесеме заедно за поголем економски развој на Прилеп.

Оваа 2023 година како и наредните години од нашиот мандат, ќе бидат целосно насочени кон реализација на програмата и враќање на Прилеп таму каде што му е местото, како една од најдобрите општини во Република Македонија -истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави