“Веселите ѕвончиња” на 30.12.2023 во Битола на Широк Сокак ќе бидат дел од Новогодишната програма на Битола со одличен Мјузикл!

Сподели го ова:























Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, на 30.12.2023 во Битола на Широк Сокак, поточно пред битолскиот офицерски дом ќе бидат дел од Новогодишната програма на Битола со одличен Мјузикл! Колку за потсетување, и минатата година Веселите ѕвончиња беа дел од новогодишната програма на Општина Битола, при што откако беше најавено дека во Битола ќе настапуваат Веселите Ѕвончиња на социјалните мрежи, можеше да се забележи голема заинтересираност за овој настан во Битола.

Сето ова го потврдуваат сликите во прилог кои говорат дека огромен број на посетители во Битола уживаат во хитовите на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.

Заради големиот интерес за учество на наредното фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец април, наредната 2024 година во Прилеп, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. 



Сподели го ова:

Слични објави