Не пропуштајте! На 22 август, најновото издание од “Широк Сокак во бело”-Бела ноќ Битола 2026

БИТОЛА, ОВА Е ВАШАТА БЕЛА НОЌ
Ветивме дека сцената ќе им ја дадеме на македонските артисти.
Еве ги.
На 22 август, плоштадот „Магнолија“ станува голема отворена сцена за македонска музика, за различни генерации и за песни што ги знаеме наизуст и некои што допрва ќе ги запееме заедно.
Од сетот на DJ Chiko, Никола Зацески и Алексеј Ивановски, преку Паркети и Ѓоко Танески со бендот, до Дац и Александар.
Различни генерации. Различен звук.
Една македонска сцена.
А пред неа жителите на Битола облечени во бело.
Илјадници луѓе на улиците, полн Широк Сокак, полн плоштад Магнолија и она чувство што не се става во програма, кога цел град ќе излезе заедно и ќе почне да дише во ист ритам.
22 АВГУСТ | ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА
Ние ја подготвивме сцената.
Тие ја носат музиката.
Вие само облечете бела облека.
Широк Сокак во бело | Бела ноќ Битола 2026


















