Вечна слава за прилепчанецот Серафимовски кој го положи својот живот во Диво Насеље пред точно 10 години
Денес со длабоко чувство на почит и благодарност, прилепчани се поклонија пред спомен-обележјето на нашиот херој Ненад Серафимоски во Прилеп — припадник на елитната единица „Тигри“, кој го положи својот живот за татковината во трагичните настани во Диво Насеље во 2015 година.

Заедно со семејствата, соборците, претставници на политички партии и сограѓани, беше оддадена почит за хероите кои загинаа храбро бранејќи ја Република Македонија. Нивната жртва е втемелена во нашата историја и претставува опомена дека слободата и безбедноста се стекнати со највисока цена — човечките животи.
Нека е вечна славата на паднатите херои!
Нивната храброст никогаш нема да биде заборавена.


















