Вчера во Прилеп беше спроведена акција за бесплатно мерење на гликемија и совети за правилна контрола на шеќерот и исхраната
Вчера, 14.11.2025 година, прилепската болница “Борка Талески” го одбележа Светскиот ден на дијабетесот. По тој повод во Инсулинската аптека при ЈЗУ ,,Општа болница со проширена дејност ,, – Прилеп, се изврши бесплатно мерење на гликемија.

Исто така од страна на медицинските лица на граѓаните им се даваа и совети за правилна контрола на шеќерот и исхраната.
















